Скандал во ЛШ: Коментатор ја навреди ѕвездата на Барса, играчите одбија да дадат изјави (ВИДЕО)

Шпанската телевизија „Мовистар“ се најде на удар на навивачите на Барселона, по синоќешниот натпревар во Париз во Лигата на шампионите во кој каталонскиот тим славеше со 2-3 против ПСЖ.

А, причина за тоа е поранешниот голман на Атлетико, Герман Бургос, кој ја навреди ѕвездата на Барса, Ламин Јамал. Додека зборуваше во студиото на стадионот пред натпреварот, Јамал жонглираше со топката зад него.

„Доколку не му успее фудбалската кариера, може да заврши на некоја раскрсница па да жонглира на семафори“, рече Бургос, алудирајќи на тоа дека фудбалерот на Барса од 200 милиони евра би можел да жонглира за да заработи.

Неговиот коментар доби жестоки критики на социјалните мрежи, а стигна и до играчите на ПСЖ и Барселона, кои одбија да дадат изјави за „Мовистар“ по натпреварот и побараа негово извинување.

„Немав намера да го повредам Јамал. Ако некој се почувствува навреден, јавно се извинувам“, изјави Бургос во студиото по натпреварот.

Се вчитува...