Скандал го тресе главниот град на Шпанија, Мадрид, откако протекоа аудио снимки на кои се слуша како Флорентино Перез зборува против легендите на „кралевите“, Раул Гонзалез и Икер Касилјас.
„Бекам е добро момче. Роналдо и Зидан исто така кои продаваат и голем број на дресови. Од друга страна го имаш Раул Гонзалез кој е лош човек, а во годината не успева да продаде ниту еден дрес и нема никакво медиско влијание. Тој е многу лош човек кој мисли дека Реал Мадрид е негова сопственост. Го уништува клубот и моралот на играчите. Касилјас е најголемата измама во историјата на Реал. На второто место е Раул. Суштината е што навивачите го обожаваат Икер. Не знам зошто го бранат толку. Тие се двете најголеми измами во историјата на клубот“, се слуша во аудио снимките.
Перез се јави околу целата ситуација велејќи дека е ова стратегија за оцрнување на неговото име од страна на некои медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА