Скандал во Мадрид: Тенисер во обид за физичка пресметка со навивачи, мечот со сомнителни обложувачки активности (ВИДЕО)

Сомнителни случувања за време на полуфиналниот меч од АТП Челинџерот во Мадрид меѓу Словакот Норберт Гомбош и Полјакот Камил Мајхшак (7-6, 3-6, 7-6).

Мечот заврши со драматичен тај-брејк во третиот сет во корист на Мајхшак, а вниманието не го привлекоа спортските моменти, туку мешањето на публиката и можните индиции за обложувачко влијание на самиот меч.

Инцидентот се случи во завршницата на мечот, кога Гомбош сервираше за победа. Тогаш, од публиката се слушнаа свирежи од неколку лица, кои очигледно имаа цел да го деконцентрираат. Под притисок, Словакот направи двојна сервис грешка на брејк топка и му ја препушти иницијативата на противникот кој на крај дојде до победата.

Сето тоа предизвика нервоза кај Гомбош кој се впушти и во обид за физичка пресметка со навивачите. Но, се беше смирено, судијата воопшто и не реагираше а Мајхшак си победи.

Се вчитува...