Макаби како да нема доволно проблеми со слабите резултати во Евролигата, па израелскиот гигант сега се соочува и со суспензија на еден од своите најдобри кошаркари. Станува збор за Американецот Сони Вимс, кој се нашол пред суспензија од ФИБА откако одбил врз него да биде извршен допинг-тест. ФИБА согласно правилата побарала да бидат извршени допинг тестови врз тројца кошаркари на Макаби, Виктор Рад и Гај Мекел си ја исполниле обврската, но Вимс воопшто не се појавил пред медицинските лица.
Дека работата е сериозна доволен доказ е фактот дека 30-годишниот американски кошаркар утрово воопшто не се појавил на тренингот на Макаби, па сега раководството на клубот сериозно размислува и за врачување отказ на поранешниот кошаркар на ЦСКА Москва.
Сони Вимс летово пристигна во Макаби по авантурата во НБА-лигата, но не успеа да се наметне како лидер на Макаби. Во слабата сезона на израелскиот гигант Вимс во Евролигата има просек од 11,6 поени и 3,3 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА