Скандал во најава – Вардар е пријавен во ЛШ, но се наоѓа под истрага на ЕХФ

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар се најде меѓу шеснаесетте екипи кои ќе се најдат во групната фаза од Лигата на шампионите, но се наоѓа во голем проблем. Македонскиот шампион е под истрага на ЕХФ поради промената на името и неисполнетите обврски на минатото раковдство.

Вардар ќе мора да остави депозит од 1 000 000 евра во две рати. Првата до 13. јули и втората до 27. јули. Доколку не го направи тоа Вардар ќе го изгуби своето место во Лигата на шампионите, а на негово место ќе влезе словенечкиот Горење Велење.

Ова е голем проблем за „црвено-црните“ кои со доаѓањето на Веселин Вујовиќ на клупата најавуваа дека очекуваат подобри резултати во елитното натпреварување од минатата година, но доколку не успеат да ги покријат обврските на минатото раководство, Вардар нема да игра во Лигата на шампионите.

Се вчитува...