Скандал во новиот евролигаш: Полицијата морала да крши врати за да го апси кошаркарот на Хапоел

Кошаркарскиот клуб Виртус Болоња сериозно размислува да го потпише Џонатан Мотли (30), американскиот центар на Хапоел Тел Авив, откако тој се најде во центарот на вниманието поради инцидент со полицијата во Израел.

Според угледниот „Израел Хајом“, Мотли би можел да го напушти Хапоел од лични причини, а преговорите со клубот во моментов се „замрзнати“ откако тој беше вмешан во конфликт во својот стан, во кој беа вклучени две жени и еден полицаец.

Инцидентот се случил претходно овој месец во северен Тел Авив кога полицијата била повикана во еден стан откако слушнале вознемирувачки звуци. Според извештаите, полицајците морале да ја скршат вратата и ги привеле Мотли, неговата партнерка и уште една жена.

Иако американскиот кошаркар тврдеше дека не знаел дека станува збор за полиција, сите биле испрашувани, а потоа ослободени под рестриктивни мерки, вклучително и социјално дистанцирање. По истрагата и завршувањето на сезоната, Мотли го напуштил Израел.

Хапоел потврди дека е запознаен со случајот, истакнувајќи дека играчот соработува со властите, додека клубот се воздржа од понатамошни коментари поради чувствителната природа на настанот.

Мотли има важечки договор со Хапоел до крајот на сезоната 2025/26, но неговиот статус сега е неизвесен, особено имајќи предвид дека односите меѓу него и клубот веќе беа напнати во текот на сезоната.

Се вчитува...