Скандал во Полска: Левандовски има „фалц“ диплома за завршен факултет

Роберт Левандовски се наоѓа во центарот на голем скандал во Полска, откако искусниот голгетер се најде на листата јавни личности кои купиле дипломи за завршено високо образование.

Станува збор за диплома од приватниот факултет во Лоѓ, каде неговата сопруга кратко време била ректорка и издејствувале Левандовски експресно да се здоби со звање Магистер за спорт.

„Левандовски доби диплома од приватниот факултет во Лоѓ. Според она што е официјален документ, тој положил два испита кај мене, но тоа не е вистина. Сопругата Ана беше таа што толку инсистираше тој што поскоро да стигне до диплома. Впрочем, Роберт беше запишан на факултет во Варшава, па иако во 2007 ги почна студиите и ги немаше завршено, тие побрзаа тој да магистрира во Лоѓ“ изјави професорката Барбора Мрожинска, која е сведок во случајот.

Очигледно, и во Полска работите не се многу поразлични во однос на Македонија и останатите земји од Балканот…

Се вчитува...