Скандал во Полска: Левандовски се откажа од националниот тим поради несогласувања со селекторот

Роберт Левандовски нема да го носи дреост на репрезентацијата на Полска, додека на селекторското место е Михал Пробиержеј. Голгетерот потврди дека имало несогласувања помеѓу него и селекторот, со што се одлучил да се повлече од националниот тим.

Најави дека ќе се врати откако ќе дојде на чело друг селектор.

„Со оглед на околностите дека ја загубив довербата во селекторот на Полска, се одлучив да се повлечам од репрезентацијата додека е тој селектор. Се надевам дека повторно ќе можам да играм пред најдобрите навивачи на светот“, напиша Левандовски на „Икс“.

За Полска Левандовски одигра 158 меча, и постигна 85 голови. Пред неколку дена Полјаците ја победија Молдавија со 2-0 во пријателски меч, а утре играат со Финска на Гости во рамките од квалификациите за СП 2026.

Се вчитува...