Скандал во Полска: Нападната делегацијата на српски Нови Пазар

Српскиот фудбалски клуб Нови Пазар објави дека нивната делегација била нападната во среда навечер во Полска.

Денеска фудбалерите на Нови Пазар ќе играат против Јагелонија во реванш натпреварот од квалификациите за Конференциската лига, а во среда навечер делегацијата била нападната по вечерата во Бјалисток, местото каде што се игра натпреварот.

Во големиот инцидент  учествувале луѓе со фантомки преку лицата кои ја нападнале делегацијата на српскиот тим. Целиот инцидент е пријавен во полиција.

Првиот натпревар помеѓу Нови Пазар и Јагелонија заврши со победа од 2-1 за полскиот тим.

Се вчитува...