Скандал во Премиер-лигата: Ливерпул го шпионирал Манчестер Сити

Угледниот британски весник „Тајмс“ открива скандал во Премиер-лигата од пред неколку сезони, кога управата на Манчестер Сити го фатила Ливерпул како го шпионирал големиот ривал. Станува збор за хакирање на скаутската служба на „граѓаните“ од пред шест години, по што челниците на Сити ангажирале стручњаци за „компјутерска контрашпионажа“ кои утврдиле дека упадот бил извршен од вработени лица во Ливерпул.

На крајот клубовите се договориле да не дојде до судска тужба, но Ливерпул му плати на Манчестер Сити отштета од еден милиони фунти.

Интересно е што една година по исплатата на оваа сума, Ливерпул ги ангажираше тројцата главни скаути на „граѓаните“, Дејв Фалоус, Џулијан Ворд и Мајкл Едвардс.

Се вчитува...