Скандал во Премиерлигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Двајца фудбалери од Премиерлигата во Англија, се уапсени, пренесува „Дејли Мејл“. Изворот како причина за апсењето го наведе силувањето.

Сепак, медиумот не објави за кои играчи станува збор, но се вели дека апсењето се случило пред стадионот на нивниот клуб изминатиот викенд. Двајцата играчи имале 19 години.

Се вчитува...