Скандал во Шпанија: Навивачи истакнаа палестински знамиња и извикуваа израелски фудбалер да умре

Навивачите на Осасуна се најдоа во центар на скандал во Шпанија, поради кои клубот може да добие голема казна. На натпреварот со Гранада тие истакнаа палестински знамиња, а згора на тоа му порачаа на противничкиот играч Шон Вајсман, кој е Израелец, да умре.

Вајсман не отпатува со екипата и остана во Гранада од безбедносни причини. Освен што истакнаа знамиња на Палестина, тие протестираа против одлуката на Ла Лига да ги забрани знамињата на Палестина на стадионите во Шпанија.

Поради тоа и напаѓачот на Гранада и израелски репрезентативец Вајсман одби да патува на гостувањето во Памплона. Тој бил предупреден за безбедноста и затоа останал во Гранада. Но, и тоа не ги спречи навиачите на домашниот тим да испратат порака до него, а од трибините можеше да се слушне скандирање „Вајсман, умри“, пишува „Кадена Копе“.

Осасуна затоа ја чека втората кзна оваа сезона. Претходно највивачите му извикуваа на Мејсон Гринвуд да „умре“.

Се вчитува...