Барселона и Реал Мадрид одиграа спектакуларен натпревар кој долго ќе се памети во последното „Ел класико“ во сезоната, но по истиот и овој пат не се избегнати контроверзиите.
Во центарот на вниманието е поништениот гол на Фермин Лопез пред самиот крај на средбата, голот за 5-3 кој ќе ја решеше дилемата за победник, но беше поништен поради игра со рака на фудбалерот на Барселона.
Неколку часа по крајот на натпреварот судиската комисија на Ла Лига, веќе стандардно објави аудио снимка од ВАР собата каде во еден момент се слушна мистериозно „Фала Богу“ (37 секунда на снимката) кое ги разбесни навивачите на Барселона.
🗣️ AUDIO REVISIÓN VAR
🗓️ Jornada 35 | Primera División
⚽️ @FCBarcelona_es 🆚 @realmadrid | 96′#ArbitrajeRFEF | @CTARFEF pic.twitter.com/5SQztI5Apn
— RFEF (@rfef) May 11, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

