Скандал се случи во првото коло од плејофот во првенството на Србија, на мечот меѓу Чукарички и Раднички Ниш. Гостите славеа со 2-3 во дерби меч за Лигата на Европа, а се чини дека имаа голема помош од главниот судија Илија Брдар. Тој досуди сомнителен пенал за Раднички Ниш во 50.минута, притоа го исклучи домашниот фудбалер Миладин Стевановиќ, а потоа црвени картони кај Чукарички заработија и стоперот Дарко Пушкариќ и помошниот тренер Драган Шарац.
Незадоволни од судењето, домашните фудбалери одлучија среде натпревар да седнат на тревата и да бојкотираат. Овој момент се случи во 77.минута од мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА