Скандал во Србија: Македонски судија брутално нападнат пред деца (ВИДЕО)

Голем скандал го одбележа финалето на Европско младинско првенство во бокс кое се одржа во Златибор, Србија каде македонскиот судија Стефан Цубалевски беше нападнат од страна на азербејџански тренер.

Инцидентот се случи во финалето до 75 килограми во кое се сретнаа Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан. Незадоволен од судиската одлука Азербејџанецот најпрво вербално го нападна нашиот судија, а потоа влезе во рингот и почна да го дави и да го удира пред полната сала малолетници.

Мечот беше прекинат, Јусуф Агакишијев дисквалификуван па златниот медал му припадна на Виктор Мајсторовиќ.

Се вчитува...