Скандал во српската кошарка: Местени натпревари во Првата лига, под истрага 30 кошаркари

Голем скандал ја потресува кошаркарска Србија по утринската информација дека постои сериозен сомнеж за наместени натпревари во кошаркарската лига на нашиот северен сосед.

Како што информира „Курир“, во местењето на натпреварите учествувале дури 30 кошаркари кои се под истрага, а во прилог на целиот случај оди и денешното соопштение од челниците на лигата, во кое се наведува дека „се покренати дисциплински постапки за натпреварите и играчите кои учествувале во манипулативни дејствија“.

„Сакаме да ја известиме јавноста дека Кошаркарската Лига на Србија активно соработува со ФИБА за да се решат дисциплинските постапки во најкус можен рок, за да се сочува интегритетот на натпреварувањето. Со оглед на фактот дека дисцплинските постапки се во тек, во овој момент не можеме да дадеме дополнителни информации околу тоа за кои натпревари и за кои кошаркари станува збор“, се вели во соопштението на КЛС потпишано од директорот Александар Грујин.

Се вчитува...