И покрај победата на Партиан на гостувањето во Суботица од 0-3, натпреварот беше запаметен по еден друг, немил настан. Во еден момент додека средбата траеше, тренерот на „црно-белите“ Игор Дуљај и Квинси Менинг имаа физичка пресметка крај клупата.
До конфликтот дојде во последните мигови од натпреварот кога двајца играчи на Партиан, меѓу кои и Мениг се подготвуваа да влезат во игра. Наводно Дуљај потоа му соопштил на Мениг дека се премислил, по што настана мешаница. Играчот не влезе во игра, и потоа измената не беше реализирана.
После натпреварот тренерот на Партизан кажа дека постојат многу проблеми во клубот.
„Нека дојде кој сака во клубот, нека го смени и тренерот, но овие момци се јунаци и треба да им се обезбедат подобри услови“, рече Дуљај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА