Скандал во Токио – Белоруска атлетичарка не сака назад дома, бара азил во Јапонија

Белоруската атлетичарка Кристина Циманоскаја побара азил во Јапонија повикувајќи го и Меѓународниот олимписки комитет да се вклучи во нејзиниот случај откако беше тргната од националниот тим и одведена на аеродром во Токио спротивно на нејзината желба.

Поради критиките кои ги упати кон националните тренери таа веднаш била тргната од тимот и одведена на аеродром каде и побарала помош од ИОК и азил во Јапонија.

„Барам помош од Меѓународниот олимписки комитет“ – вели Белорусинката во видео-обраќањето на каналот Телеграм кој е канал на белоруска фондација за солидарност во спортот и кој им помага на спортистите кои се во затвор или се отстранети поради политички ставови.

„Постои притисок на мена. Се обидуваат да ме извлечат од земјата без моја желба. Барам ИОК да се приклучи. Исфрлена сум од националниот тим само затоа што јавно прозборев за негрижата кон нас спортистите на нашите тренери. Некои од девојките само поради нивната непрофесионалност и заборавеност за допинг тестови не успеаја ниту да дојдат до Токио. Тренерот ми рече дека дошла наредба од врвот да ме отстранат од тимот“ – рече Циманоскаја со објаснување и дека бара од членови на белоруската дијаспора во Јапонија да и помогнат.

„Дејли мејл“ пренесе дека таа на аеродромот во Токио застанала до јапонски полицајци барајќи заштита и веднаш азил во Германија или во Австрија затоа што сега веќе се плаши да се врати во Белорусија.

Се вчитува...