Скандал во Турција: Фудбалерите Адана го напуштија теренот на дуелот со Галатасарај (ВИДЕО)

Турскиот фудбал го „дрма“ голем скандал, откако денеска мечот Галатасарај – Адана Демирспор, беше прекинат во 21. минута, откако гостите се решија да го напуштат теренот на стадионот во Истанбул.

Наводно незадоволни од судењето, каде што беше досуден сомнителен пенал за Галата, а потоа и некои други одлуки, придонесоа тимот да го напушти теренот. И покрај исчекувањата на домашните играчи, сепак, тие не се вратија, по што судијата официјално го прекина мечот.

Адана е последна екипа на табелата и после овој скандал го чека и нова казна.

Се вчитува...