Огњен Врањеш во иднина нема да биде повикуван во репрезентацијата на БиХ по скандалот за љубовната врска со Јелена Карлеуша, потврди денеска и босанскиот селектор Роберт Просинечки.
„Јас не го избришав, тој самиот си го стори тоа. Репрезентативец, тоа значи дека мора да се докажуваш и на теренот и надвор од него. Жал ми е, но тоа е реалнооста. И федерацијата неодамна ги осуди неговите постапки. Не е само последниот скандал, Врањеш влезе во конфликт и со навивачите… Тоа не оди така, сите мораме да бидеме во служба на репрезентацијата и да се подредиме на успехот на колективот. Не ни требаат надворешни проблеми што ќе ја нарушат атмосферата во националниот тим“ – изјави Просинечки.
Босна и Херцеговина е дел од групата Ј од квалификациите за ЕВРО 2020, заедно со селекциите на Италија, Грција, Финска, Ерменија и Лихтенштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА