Скандалот во Италија се проширува: И Алегри снимен во казино и во обложувалници (ВИДЕО)

Во Италија и понатаму целиот фокус на јавноста е кон обложувачкиот скандал во кој се вклучени се поголем број репрезентативци.

Фудбалерите Фаџоли, Тонали и Заниоло се фатени во нелегално обложување на фудбалски и тениски натпревари, а од нив засега е јасно дека само фудбалерот од средниот ред на Јуве, Фаџоли, ќе добие казна од седум месеци забрана за играње.

Но, проблемите за Јувентус би можеле да бидат и поголеми откако италијанските медиуми објавија дека и тренерот Масимилијано Алегри е вплеткан во скандал обложувајќи се на натпревари од Серија Б. Алегри е снимен дополнително и во казино во Монте Карло за време на пандемијата на коронавирусот.

„Алегри е ден од оние кои постојано се коцкаат. Еднаш освои повеќе од 30.000 евра и на една личност до себе и даде три илјади евра за да оди да уплати тикет за него на натпревари од Серија Б. Тој многу, речиси редовно, се обложува на натпревари од Серија Б затоа што има и контакти во тие клубови“ – велат доброупатени извори за италијанските медиуми.

За Италијанците коцкањето во казино воопшто не е спорно, но е строго забрането обложување на натпревари, и тоа од директни актери во фудбалската игра. На спортистите и спортските работници во Италија им е забрането директна или индиректна уплата на облози.

Се вчитува...