Коронавирусот шири страв низ целиот свет, но тимскиот шеф на Ред Бул, Хелмут Марко, ја шокираше јавноста откако му порача на најдобриот возач на својот тим, Макс Ферстапен, што побрзо самиот да се зарази од Ковид-19.
„Зборував со Макс, кој ми кажа како е преплашен дека би можел да се зарази од коронавирусот. Само му реков дека за него би било најдобро сега самиот да се зарази. Тој има 22 години, не припаѓа на ниту една ризична група. Доколку сега се зарази, по оздравувањето би стекнал имунитет на болеста и би можел стопроцентно да се посвети на нападот на титулата“, изјави Марко за „Кронен Цајтунг“.
Стартот на новата сезона во Формула 1 е одложен на неодредено време, откако во последен момент беше откажано одржувањето на премиерната трка што требаше да се вози во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА