Скандалозна изјава на екс голман: Меси игра селски фудбал, со него Аргентина на СП ќе има играч помалку

Поранешниот голман на Бока Јуниорс, 80-годишниот Хуго Орландо Гати, го критикуваше напаѓачот на Аргентина и на Интер Мајами, Лионел Меси.

Сосема неочекувано, Гати испрати сериозни критики кон играта на аргентинскиот фудбалер, до таа мера што кажа дека Аргентина со него ќе има играч помалку на идниот Мундијал.

„Не го мразам Меси, но игра детски фудбал. Го гледав во Барселона, и сите му се восхитуваа. За него играше одличен. Не знам дали ќе оди на Светското првенство 2026, но ако игра, Аргентина ќе има играч помалку. Лео игра селски во САД“, рече Гати.

Се вчитува...