Хаосот на трибините на стадионот „Маракана“ на натпеварот Бразил – Аргентина, ја засени победата на светскиот првак на култниот стадион. Лионел Меси ја повлече екипата од теренот огорчен поради тоа што бразилската полиција со пендреци ги тепаше аргентинските навивачи. Сето ова ја направи победата на гостите уште послатка.
Аргентина во последните две години ја освои титулата во Јужна Америка, а потоа и светското првенство, а потоа дојде до историска победа кај најголемиот ривал во квалификациите за пласман на идниот Мундијал.
Таквиот триумф се славеше секаде низ Аргентина, а посебно привлекуваат вниманието на зборовите на играчот на Аргентина, Алексис Мекалистер кој ја прослави победата со зборовите:
„Го победивме Бразил во квалификациите за СП, и тоа на Маракана. Па, тоа е порно!“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА