Во таборот на Црвена Звезда имаат причина да бидат бесни на судиите од мечот против Барселона, откако беше обелоденет огромен превид во клучните моменти од натпреварот.
Никола Миротиќ со тројка со звукот на сирената го одведе мечот во продолжение, но нови снимки покажаа дека хројот на Барса со едната нога газел во аут во моментот кога ја прима топката.
„Искрено, не забележав, ова што го велите е нешто ново за мене. Ако е навистина така, ако постои доказ, тогаш ми е искрено жал за Црвена Звезда. Гледате какви се судиите, прават огромни грешки со кои решаваат натпревар, а после се лутат кога ги исвиркуваат низ салите ширум Европа“, прокоментира херојот на Барса.
Целата ситуација ја коментираше и тренерот на Црвена Звезда, Душко Ивановиќ.
„Не видов што точно се случи, ама ако е точно дека ја газел линијата, тогаш разочарувањето е уште поголемо бидејќи сметам дека со она што го покажавме ја заслуживме победата. Како и да е, дури и да е точно, немаме ништо од тоа, мечот е загубен и сигурно нема да се преигра или пак ние да го добиеме“, изјави Ивановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА