Осминафиналниот натпревар на Европското првенство во Германија помеѓу Англија и Словачка го одбележа драматичен крај во кој Англичаните успеаја да се спасат од голема бламажа со гол на Џуд Белингем во 94. минута од средбата.
Истиот донесе продолженија, но пред нив и немила и во најмала рака скандалозна сцена во која се најдоа репрезентатвецот на Англија, Деклан Рајс и селекторот на Словачка, Франческо Калзона.
Strkanice asi pochopím ale nazvať trénera “bald cunt” mi príde moc. pic.twitter.com/RF09JhfeeB
— Koudy (@Koudy_65) June 30, 2024
Жестокиот судир помеѓу Англичанецот и италијанскиот тренер го протолкуваа и читачите од усни според кои беа искажани недолични зборови од страна на 120 милионскиот фудбалер на Арсенал.
„Замолчи пи*ко. Замочки ти келава к**во“, беа зборовите на Рајс на кои ќе видиме дали ќе следи и реакција од страна на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА