Скандалозно однесување на публиката за ГН на Австрија, Ф1 размислува за санкции

Раководството на Формула 1, сопстениците на патеката „Ред Бул Ринг“ во Спилперг и неколку возачи, го осудија расистичкото однесување на дел од гледачите за време на ГН на Австрија.

Според пишувањето на тамошните медиуми во текот на саботните квалификации, можеа да се слушнат навреди од секаква основа, па дури се појавиле извештаи околу пијани гледачи.

„Ваков однесување е неприфатливо и нема да се толерира. Овие работи ги прифаќаме сериозно и веќе почнавме разговори со обезбедувањето, промоторите и оние кои пријавиле инциденти“, се наведува во соопштението од Формула 1.

Од раководството на Ф1 дури ја разгледуваат варијантата за санкции, со тоа што да ја исклучат од мапата ГН на Австрија, иако во годините во кои формула 1 се соочува со сериозни предизвици, таа варијанта е речиси невозможна.

Се вчитува...