Неверојатни работи се случиле во последните седмици кога станува збор за српскиот интернационалец Страхиња Павловиќ, а на крајот резултираше со суспензија за дефанзивецот. Австриските медиуми останаа во лудо кога видоа дека Павловиќ ја пропушти последниот подготвителен натпревар за Салцбург пред продолжение на првенството.
Од клубот тврдеа дека Павловиќ наводно имал лесна повреда, но австриските медиуми „копаа“ подлабоко, и открија скандал. Одреден број на медиуми пишуваат дека Павловиќ сакал да замине во подобар клуб и во подобра лига, но тоа не му било дозволено од страна на Салцбург. Бесен поради ова, Павловиќ на тренинзите ги „тепал“ соиграчите и поради тоа е суспендиран.
Тие наведуваат дека Павловиќ жестоко влегувал во дуели со соиграчите, со жестоки стартови, а тренерот тоа не го толерирал. Не познато колку Србинот ќе отсуствува од тимот, но се препотставува дека ќе заработи суспензија шест месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

