СКАНДАЛОЗНО: Поради жестока тепачка прекинат мечот во Мадрид – „Кралевите“ се, сепак, во редовите на Партизан! (ВИДЕО)

Скандалозен крај на вториот четвртфинален натпревар од Евролигата меѓу Реал Мадрид и Партизан во Мадрид. Мечот поради жестока тепачка меѓу играчите на двата тима, е прекинат од страна на судиите на една минута пред крајот со победа на Партизан од 80-95.

Кошаркарите на Реал Мадрид очигледно не можеа да ги скротат фрустрациите од дебаклот кој го доживуваа пред своите навивачи, па предизвикаа и незапаметена физичка пресметка. Најпрво Серхио Љуљ крајно некоректно направи неспортски намерен прекршок над Пантер со сета жестина, кој не можеше да ги скроти емоции и возврати..

Па во групна жестока пресметка се впушти Абуселе кој срамно буквално го собори Егзум на земја и почна да го тепа на паркетот. Данте Егзум беше повреден, заврши и со крв, па потоа е изнесен од салата. А, Јабуселе дополнително негови блиски го смируваа внесувајќи го кон соблекувалната….

По прегледувањето на снимките, судиите поради бројни суспензии кои беа неизбежни за кошаркарите на двата тима, на крај одлучија да го прекинат натпревар притоа со победа на Партизан за водство од 0-2 во серијата.

А, што се однесува до спортскиот дел. Факт е дека „кралевите“ вечерва беа во редовите на Партизан. Неверојатна црвено-бела рапсодија среде Мадрид демонстрираа избраниците на Жељко Обрадовиќ, кои за разлика од неизвесноста во првиот меч, сега целосно доминираа од самиот почеток на мечот па до самиот крај не дозволувајќи им на „кралевите“ да дишат. Откако Партизан ја доби првата четвртина со 21-31, беше сосема јасно дека цврсто ќе чекорат кон нова победа.

Полувремето заврши со предност на црно-белите од 37-51, а Реал откако само кратко се закани на почетокот од третиот период менувајќи ја играта во одбрана, сепак Партизан повторно се врати на свое и успешно дојде до неверојатна предност од +15 (80-95) на една минута до крајот, кога непотребно беше предизвикан инцидентот. Најдобар кај Партизан беше токму повредениот Егзум со 19 постигнати поени.

Во вториот вечерен натпревар, Монако, пак, го израмни резултатот на 1-1 во четвртфиналната серија со Макаби Тел Авив откако во втората пресметка триумфираа со 86-74.

Се вчитува...