Скандалозно славје на Аргентинците: Расистички навреди за Французите, Енцо Фернандез предизвика хаос во Челси (ВИДЕО)

Француската фудбалска федерација поднела пријава до ФИФА по срамните навреди на сметка на „триколорите“ при славењето на Аргентинците на освоениот трофеј на Копа Америка.

Енцо Фернандез објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како тој и колегите скандираат навреди на сметка на француските репрезентативци, содржина која ја шокираше фудбалската јавност и очигледно големиот број француски соиграчи на Енцо во Челси.

„Сите француски фудбалери се од Ангола. Нивната мајка е од Камерун, ама нивниот пасош вели Франција“ – пееле меѓу другото Аргентинците, но исто така го спомнувале и Мбапе во негативна конотација, со што ги налутија своите колеги од редовите на Челси.

Весли Фофана самоиницијативно го објави скандалот на социјалните мрежи, осудувајќи го однесувањето на соиграчот Фернандез и другите Аргентинци, па се чини дека ова ќе биде посериозна тема наредниот период. Притоа Фофана но и сите други Французи од Челси го отследиле Фернандез на социјалните мрежи.

Се вчитува...