Во двата вечерни натпревари на првиот ден од Европското првенство 2022 за ракометарки, скандинавските селекции беа поуспешни од балканските.
Во Групата А во Целје, Норвешка славеше против Хрватска со 32-23 благодарение на одлично одиграното второ полувреме во кое комплетно го скршија отпорот на Хрватките.
Шведска, пак, во Групата Б во Целје, лесно труиумфираше со 27-21 против селекцијата на Србија.
👉 Accuracy: on point 🎯🇸🇪 @JaminaRo #ehfeuro2022 | #playwithheart | @SvenskHandboll pic.twitter.com/sW5krk4vjW
— EHF EURO (@EHFEURO) November 4, 2022
Европското првенство 2022 се одржува во Целје и Љубљана во Словенија, Подгорица, Црна Гора, и во Скопје. Натпреварите во нашата Група Ц, почнуваат утре во „Борис Трајковски“ со дуелот од 18 часот меѓу Македонија и Франција.
ГРУПА А (ЉУБЉАНА)
Унгарија – Швајцарија 33-28
Норвешка – Хрватска 32-23
ГРУПА Б (ЦЕЛЈЕ)
Данска– Словенија 26-27
Шведска – Србија 27-21
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА