Скандинавскиот фудбал завиен во црно: Почина Аге Хареиде

Скандинавскиот фудбал денеска е завеан во црно откако беше објавена веста за смртта на норвешкиот стратег Аге Хареиде.

Овој 72-годишен стручњак е роден во Норвешка, но имаше одлична кариера во клубови во Шведска, потоа четири години беше и на чело на репрезентацијата на Данска, се врати кратко време на чело на Розенборг, а последен ангажман му беше како селектор на Исланд од 2023 до ноември 2024 година, кога објави и дека ја завршува тренерската кариера.

Пред неколку месеци му беше дијагностициран тумор на мозокот, по што големиот стратег ја загуби најважната битка.

„Тато заспа минатата ноќ, дома со целото семејство околу себе. Го одигра својот последен меч. Бескрајно сме благодарни за љубовта што како семејство ја добивме во периодот откако му беше дијагностицирана болеста“, напиша неговиот син Бендик.

Се вчитува...