„Скапа победа“ – две нови повреди во Реал Мадрид

Реал Мадрид ја прекина серијата слаби игри во Ла Лига и лесно и убедливо славеше во Билбао над Атлетик, но овој триумф беше скапо платен поради повредите што ги заработија двајца првотимци.

Трент Александер Арнолд го одигра својот најдобар меч по трансферот од Ливерпул, но десниот бек заработи незгодна повреда на мускулот и веднаш мораше да биде заменет со Асенсио.

Десетина минути подоцна се повреди и Камавинга, стрелецот на еден од головите во Билбао, жалејќи се на силна болка, по што и тој мораше да биде повлечен од игра.

„Постои причина за сериозна загриженост“, пишуваат мадридските медиуми, потсетувајќи дека Трент при последната повреда паузираше шест седмици, а истовремено повреден е и Дани Карвахал, па Чаби Алонсо најверојатно повторно ќе мора да експериментира со Валверде како десен бек.

Се вчитува...