Скапо платен отказ од Џенова: И Бенфика го „откачи“ Шевченко

Откако се појавија информации дека Бенфика има во план да го ангажира Андреј Шевченко на клупата, од тимот од Лисабон излегоа со демант испратиле понуда за украинскиот ас, кој остана без работа откако пред неколку дена доби отказ од Џенова.

„Нашиот клуб ќе го води Нелсон Верисима до крајот на сезоната. Не сме контактирале со ниту еден тренер“, велат од Бенфика.

Бенфика е без тренер откако Хорхе Жесус поднесе оставка од функцијата. Во моментов тимот  на третото место на табелата, со дури девет бода заостанување зад лидерот Порто.

Претходно Шевченко беше поврзуван и со клупата на репрезентацијата на Полска, но од сојузот на оваа земја ја отфрлија можноста популарниот Шева да ги води низ баражот за пласман на СП 2022 година во Катар.

Се вчитува...