Скапо платена победа на Интер Мајами – се повредија Меси и Алба

Интер Мајами експресно се врати на посакуваните патеки по поразот од Атланта, па синоќа лесно и убедливо славеше на дуелот со Торонто со резултат 4-0.

Сепак, триумфот беше скапо платен ако се знае дека уште во првото полувреме незгодни повреди заработија Лео Меси и Жорди Алба, кои мораа предвреме да го напуштат теренот.

Алба прв се повлече во 35. минута, а само две минути подоцна и Меси мораше да го напушти теренот поради обновување на старата повреда поради која не настапи против Атланта.

Излегувањето на двете ѕвезди не се одрази врз играта ан тимот, Фаријас го отвори резултатот пред самиот крај на првото полувреме, потоа Тејлор зголеми на 2-0, Кремаски беше прецизен за 3-0, пред Роберт Тејлор со својот втор гол да ги постави конечните 4-0 во 87. минута.

Тренерот Тата Мартино на прес-конференцијата по натпреварот не даде поконкретен одговор на прашањето околу повредите на клучните фудбалери, па останува лекарските прегледи да покажат колку долго Меси и Алба ќе отсуствуваат од терените.

Се вчитува...