Скариоло го напушта кормилото на Шпанија

Кошаркарската репрезентација на Шпанија останува без селекторот Серџо Скарило, кој одлучи да го напушти националниот тим на „црвената фурија“ откако доби понуда од еден НБА тим. Тој ќе го одработи и следниот ФИБА прозорец во јуни, а потоа ќе ја напушти селекцијата.

„Моја дамнешна желба беше да одам во НБА, но претходно добивав понуди кои не ме задоволуваа. Сега прифатив понуда на еден НБА тим и следната сезона ќе бидам дел од најсилната лига во светот“, изјави Скариоло, најавувајќи дека ќе замине и ќе работи како асистент во САД.

Трофејниот италијански стратег со Шпанија освои три шампионати на Европа, во 2009, 2011 и во 2015 година.

Се вчитува...