Шпанскиот селектор Серџо Скариоло го објави скратениот список од 16 кошаркари со кои „црвената фурија“ ќе допатува во Скопје за премиерниот дуел од квалификациите за кошаркарскиот мундијал, закажан за 26 ноември.
Очекувано, на листата ги нема кошаркарите на Реал Мадрид и на Барселона, а во однос на поширокиот список селекторот Скариоло не го повика ниту центарот на Басконија, Диоп. Скариоло смета на тројца дебитанти, од кои најмладиот е Прадилја од Валенсија со 20 години, а највозрасен е 31-годишниот Дани Перез од Манреса.
Во составот на „црвената фурија“ се враќа и искусниот плејмејкер Квино Колом, кој беше избркан од Валенсија, па откако лани извесно време беше резерва во Црвена Звезда сега настапува во грчки АЕК. Тој доби предност на плејмејкерската позиција пред Феран Басас од Хувентуд, а меѓу повиканите на овој список се и Жоан Састре (29 години, Тенерифе) и Чаби Лопез Аростеги (24 години, Валенсија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА