Скариоло одбра 15 кошаркари за дуелот против Македонија

Шпанија ќе биде нашиот нареден ривал во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година, а селекторот Серџо Скариоло го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за дуелот со нашиот национален тим.

Во групата од 15 кошаркари, односно во изборот на Скариоло се најдоа:

Џонатан Бареиро (Уникаха), Феран Басас (Хувентуд), Дарио Бризуела (Уникаха), Квино Колом (АЕК), Алберто Диаз (Уникаха), Дани Диез (Сан Пабло), Жаим Фернандез (Уникаха), Фран Гуера (Тенерифе), Ксабиер Лопез-Аростеги (Валенсија), Жоел Пара (Хувентуд), Хаиме Прадиља (Валенсија), Себас Саиц (Алварк Токио), Микел Салво (Гран Канарија), Јанкуба Сима (Бакси Манреса) и Сантиаго Јуста (Сарагоса).

Освен тоа, на подготовките ќе биде и Тајсон Перез од Морбанк Андора кој ќе се приклучи подоцна, соопштија од Шпанската кошаркарска федерација.

Шпанија ќе ја пречека селекцијата на Македонија на 1.јули во Сарагоса,, а потоа ќе игра надвор од својот дом против Грузија и Украина.

 

Се вчитува...