Скаутите на Јунајтед не биле убедени во развојот на Гакпо!?

Се дозна зошто Манчестер Јунајтед не се натпреваруваше со Ливерпул за потписот на Коди Гакпо. Холанѓанецот на крајот ќе потпише договор со тимот од Енфилд.

„Би-Би-Си“ пренесува дека скаутите на Манчестер Јунајтед не биле убедени дека Гакпо ќе се развива во моментов. За интересот на Јунајтед се пишуваше цело време, но вчера ПСВ објави дека постигнал договор со Ливерпул за трансфер на играчот. Холандскиот тим ќе добие 37 милиони фунти, без бонуси.

Гакпо во 23 меча во Холандија има 13 голови и 17 асистенции. На Мундијалот во Катар на пет меча постигна три гола. Гакпо од 1. јануари ќе се пресели на „Енфилд“.

Се вчитува...