Скелото се сели кај Ибрахимовиќ во ЛА Галакси

Гиљерме Брош Скелото официјално е нов тренер на ЛА Галакси. По поразот од Ривер Плата во финалето на Копа Либертадорес, аргентинскиот стручњак одлучи да ја напушти клупата во Бока Јуниорс.

Поразот од најголемиот ривал беше преголем товар за Скелото и само неколку дена по финалето тој соопшти дека го напушта клубот. Но, забележителните резултати што ги постигна со Бока јуниорс му беа добра препорака брзо да најде нов клуб. Нов предизвик за аргентинскиот стратег ќе биде тимот од Лос Анџелес во кој прв ѕвезда е Златан Ибрахимовиќ.

„Добро ја познавам лигата и знак колку ЛА Галакси е битен фактор во МЛС. За мене ова е голема шанса и верувам дека донесов добра одлука. Порано играв во САД и знам за каква лига се работи. Сега сакам како тренер да се докажам надвор од Аргентина и понудата од ЛА Галакси едноставно, не се одбиваше“ – изјави Скелото.

Се вчитува...