Скендербег наместил 53 натпревари – заслужена суспензија од 10 години

Поранешниот албански првак Скендербег е казнет со десетгодишна суспензија од европските натпреварувања, откако беа презентирани бројни докази за наместени натпревари. Дисциплинската комисија при УЕФА го казни клубот од Албанија уште пред извесно време, но казната стапи на сила откако Спортскиот Суд во Лозана ја отфрли казната на Скендербег.

Овој клуб местел натпревари како ниту еден друг во историјата на нашиот спорт“ – наведено е во соопштението на Дисциплинската Комисија при УЕФА.

Притоа, европската куќа на фудбалот објави и дека Скендербег од 2010 година па се досега наместил дури 53 натпревари од домашното првенство, европските купови, па дури и пријателски средби.

Се вчитува...