Васил Скендеровски е назначен за нов селектор на футсал репрезентацијата на Македонија. Тој беше предводник на футсал репрезентацијата од 2002. до почетокот на 2016. година.
Репрезентацијата под водство на Скендеровски беше на чекор до пласман на Европско првенство 2015 година, а истата година гол разликата одлучуваше за пласманот на Македонија во бараж за Светско првенство. Со футсал тимовите на Скопје, Алфа Парф, Железарец и Велес има освоено 14 титули првак на Македонија.
Скендеровски на клупата на футсалците ќе го замени Иван Божовиќ кој даде оставка по неуспешните квалификации во кои на домашен терен загубија од репрезентациите на Словенија, Косово и Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА