Скијачка историја беше испишана на денешниот слалом во Шамони, откако Даниел Јуле стана првиот скијач што успеал да стигне до победа откако првата трка ја завршил на 30. место.
Швајцарецот имаше најслабо време од триесетмината што се пласираа за второто возење, имаше повеќе од две секунди заостанување зад водечкиот Клемен Ноел, но во прилог му одеа промените во температурата. Имено, снегот почна да се топи по завршувањето на првата трка, па како што одминуваше времето, така условите на патеката беа се полоши за скијачите.
Јуле излезе прв и со тоа оствари најдобро време, а како што се приближуваа оние најдобрите, секој од нив имаше се поголеми проблеми, што се одрази и на нивниот конечен пласман.
Второто место му припадна на Швајцарецот Меилард со 16 стотинки послабо време од победникот, додека Ноел, кој беше најдобар по првата трка, мораше да се задоволи само со третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА