Во декември 2024 година, светот на скијањето беше потресен од сцена од Бормио, Италија, каде што Французинот Сиприен Саразен, еден од најдобрите скијачи по спуст на денешницата, доживеа тежок пад.
Тој беше итно префрлен во болница со хеликоптер во тешка состојба, имаше крварење во мозокот, повреди на стапалото и скршеници на ногата. Лекарите веднаш го ставија во кома одреден период, а сега, девет месеци по ужасниот пад, полека се враќа во нормален живот.
Скијачкиот ас се разбуди од кома и полека се враќа на лесен процес на тренирање. Она што е најважно е тоа што тој призна дека водел нормален живот откако се разбудил од кома, иако не го очекувал тоа.
„Водам нормален живот, што е чудо“, изјави Саразен за француските медиуми и продолжи:
„Моите очи се добро веќе некое време, се случи сосема природно да ми се замати видот, но сега е добро, како што беше предвидено. Дури почнав и со лесни тренинзи и се повеќе го зголемувам интензитетот. Чекор по чекор. Колената се во ред, и сè е добро на невролошка основа.“
Докторот Стефан Буле, кој го следеше закрепнувањето на Сиприен, исто така даде изјава.
„Кога ќе се разбудите од оваа кома, сте многу исцрпени. И многу е тешко да се води нормален живот, да се има нормален тек на говорот, но тука тој успеа да го надмине сето тоа и е на вистинскиот пат.“
Следната сезона 2025/2026 е исто така и олимписка сезона, а Саразин веројатно нема да биде подготвен за предизвиците во Кортина и Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

