Американката Микаела Шифрин e победничка на велеслаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање која денеска се возеше во австрискиот ски-центар Земеринг.
Американката до втората победа во два дена во Земеринг стигна со вкупно време од 2:03.51 минути што беше за 10 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Лара Гут од Швајцарија. Подиумот го надополни Италијанката, Марта Басино која доцнеше 47 стотинки зад времето на победничката.
До крајот на тековната 2022 година, најдобрите алпски скијачки во светот ги очекува уште една трка, а тоа е слаломот кој е на програмата утре исто така во австрискиот ски-центар Земеринг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА