Повредата што Серхио Љуљ ја заработи на синоќешниот дуел меѓу Шпанија и Белгија е од сериозен карактер, беше потврдено со денешните лекарски прегледи што ги потврдија стравувањата во таборот на „црвената фурија“. Имено, деталните прегледи утврдиле кинење на лигаментите во коленото на десната нога на Љуљ, по што одличниот бек го очекува пауза од најмалку седум месеци од кошаркарските терени.
Ова значи дека Љуљ не само што ќе го пропушти Евробаскет 2017, туку и нема да може да настапува во поголемиот дел од сезоната во Евролигата.
„Ќе се вратам посилен. Благодарам за поддршката“ – порача Љуљ преку своите профили на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА