Добрите настапи на македонската репрезентација и изборувањето на бараж за пласман на Светското првенство 2023 ја кренаа и цената на нашите репрезентативци кои се искачија на 59. место на табелата со вкупна вредност од 49.98 евра според ‘Transfermarkt’.
Нашиот „највреден“ фудбалер е Елиф Елмас чија цена е 17 милиони евра, пред Енис Барди кој вреди 12 милиони евра. Милионската сума ја надминуваат и Езгјан Алисоки со 5 милиони евра, Стефан Ристовски со 2.5 милиони евра, Дарко Велковски со 2 милиони евра, Столе Димитриевски со 1.5 милиони евра, Висар Муслиу со 1.4 милиони евра и Дарко Чурлинов кој вреди еден милион евра.
Напредок е забележан и кај нашите соседи, пред се во Србија која со директниот пласман на Светското првенство ја зголеми цената на репрезентативците на маркетот, и со тоа нашиот северен сосед ја мина Хрватска на 12. место по вкупната вредност на репрезентацијата.
„Орлите“ сега вредат 342 милиона евра, пред „коцкестите“ кои се на 13. место на листата со вредност од 316.7 милиони евра. Од поранешните „екс-ју“ држави на 37. место со вредност од 122.7 милиони евра е Словенија, на 53. место е Црна Гора со 63.05 милиони евра и на 56. место е Босна и Херцеговина со 57.1 милиони евра.
Убедливо на врвот на листата е репрезентацијата на Англија со 1.23 милијарди евра, која воедно е и единствената репрезентација која ја надминува границата од милијарда евра. Зад „гордиот албион“ е Франција со 978.8 милиони евра и Бразил со 870.5 милиони евра. Првите десет ги комплетираат: Португалија, Аргентина, Шпанија, Холандија, Италија, Германија и Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА