Скокна цената – Њукасл бара богатство за Исак

Њукасл влезе во победничка серија и се приближи до врвот на премиерлигашката табела, а најзаслужен за тоа е Александер Исак. Шведскиот голгетер постигна клучни голови на речиси сите натпревари во месец декември, зацврстувајќи го своето место меѓу најдобрите напаѓачи во Премиер-лигата оваа сезона.

Проблем за „црно-белите“ е што Швеѓанецот не потпишува нов договор и се подготвува за нов предизвик во кариерата, но Њукасл планира добро да го наплати заминувањето на својот најдобар стрелец предвидено за крајот на оваа сезона. Исак долго време беше проценет на 100 милиони евра, но последните извонредни партии, како и скокот на цените на пазарот придонесоа и вредноста на овој голгетер значително да биде зголемена.

„Њукасл го промени ставот. Сто милиони евра веќе нема да бидат доволни за Исак. Цената скокна на 160 милиони“, обелоденија извори блиски до клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Арсенал подолго време го следи овој одличен голгетер, а понуда подготвуваше и францускиот првак ПСЖ. Сепак, останува да се види дали овие клубови се подготвени да ја платат новата цена што Њукасл ја одреди за својот најдобар стрелец.

Се вчитува...