Сколари ја прекина пензијата и презеде клуб во Бразил

Поранешниот бразилски селектор Луис Фелипе Сколари, кој ја освои светската титула во 2002 со Бразил, одлучи повторно да се врати на тренерската работа. Тој го презеде Атлетико Минеиро кој ќе го води до 2024 година.

Сколари ја напушти работата технички директор во Атлетико Параненсе за да му помогне на Минеиро да дојде до титулата.

На клупско ниво, 74-годишниот Сколари досега правеше успеси во Бразил и Кина. Освои титули и Копа Либертадорес со Гремио и Палмеирас, а со Гвангжу кинеската Супер лига и азиската Лига на шампионите.

Се вчитува...