Сколари ќе биде нов тренер на Стефан Ристовски?

Легендарниот бразилски тренер Луис Фелипе Сколари, кој во богатата кариера беше селектор на Бразил и на Португалија, а го предводеше и Челси, треба да биде нов тренер на Спортинг Лисабон, каде што настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. По лошиот крај на сезоната што го имаше Спортинг Лисабон, кога и фановите го нападнаа тимот, си замина тренерот Жорге Жесус, кој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, а раководството на клубот како најдобро решение го избра Луис Фелипе Сколари. Тој во изминатиот период беше на кормилото на кинескиот клуб Гвангжу Евергранде и освои три шампионски титули.

Сколари сака да се врати и да работи во Европа, а предизвикот со Спортинг Лисабон е навистина голем, ако се знае дека раководството на клубот конечно сака да ја прекине доминацијата на Порто и на Бенфика во португалскиот фудбал.

 

Се вчитува...